Реал Мадрид по разделбата со легендата Лука Модриќ, одлучи дресот со бројот 10 да му го додели на Килијан Мбапе и на тој начин клубот да заработи многу пари од продажба на дресови.
Францускиот напаѓач во својата прва сезона во Реал го носеше бројот 9, а сега е направен важен маркетиншки потег, и ја добива 10-ката која се ослободи по заминувњето на Модриќ. Во Реал очекуваат стотици милиони, можеби и милијарда едва приход од продажба на 10-ката на Мбапе. Според најавите и проекциите, бројот 10 на Мбапе би можел да биде еден од најпродаваните дресови во историјата на фудбалот.
На клупско ниво, Мбапе досега го носеше бројот десет само во последните натпревари за Монако и во помладите категории. Но, тој носи 10-ка кога игра за репрезентацијата на Франција.
Стандардната верзија на дресот во официјалните фан шопови на Реал чини 125 евра, додека верзијата идентична со онаа што ја носат играчите чини 175 евра. Клубот се надева дека ќе ја повтори маркетиншката магија од 2009 година, кога пристигна Кристијано Роналдо. Во првите часови по неговото претставување со бројот 9, официјалната продавница на Бернабеу продаваше 15 дресови во минута – 2.000 за само два часа – генерирајќи околу 170.000 евра. Во текот на таа сезона беа продадени над еден милион дресови „CR9“, со вкупен приход што надмина 100 милиони евра.