Реал можеби ќе се спасеше од пораз, но Винисиус успеа да го промаши невозможното (Видео)

Реал Мадрид загуби со 1-2 од Баерн Минхен на „Сантијаго Бернабе“ во првиот меч од четвртфиналето на Лигата на шампионите, но резултатот можеше да биде и поинаков. Мануел Нојер беше одличен и со осум фантастични одбрани ја сочува победата на Баерн, но во 61-вата минута остана немоќен.

Упамекано направи грешка на средината на теренот, а Нојер се најде далеку од својот гол. Винисиус истрча контра, изби „очи во очи“ со противничкиот голман, кој не беше ни поставен, но ударот на Бразилецот заврши во надворешниот дел од мрежата.

Шансата на Винисиус беше потешко да се промаши, отколку да се погоди.

- Оглас -

Најнови вести