Реал Мадрид успеа да слави на гостувањето во Минхен против Баерн, со конечни 82:72. Се чинеше дека европскиот првак ќе забележи лесен триумф, откако по првото полувреме водеа со +15. Но, кошаркарите на Дејан Радоњиќ се изборија за неисвесна завршница, меѓутоа не успеаја да го избегнат седмиот пораз во Евролигата, а Реал на крајот се избори за сигурно славје.
Ентони Рендолф беше најефикасен од таборот на „кралевите“ со 22 поени, Серхио Љуљ реализираше 19 поени со 5/7 од линија за три поени. Од составот на Баерн, најрасположен беше Стеван Јовиќ со 11 поени, а со по 10 поени завршија Бартел, Дедовиќ и Копонен.
На Панатинаикос му е тешко да победи со тренер, а уште потешко им е без предводник. Армани Милано го совлада грчкиот тим со конечни 86:83, и така им го нанесе осмиот пораз сезонава. Домаќините имаа контрола на резултатот само во првите 10 минути, а потоа „манекените“ решија да стават крај на лошите резултати кои ги наредија во изминатиов период.
Гудаитис се истакна како најдобар на овој меч за гостите од Милано, со 20 поени и осум скока, Џерелис додаде 15. Ник Калатес залудно постигна 24 поени, неговиот учинок не беше доволен да го спречи вечерашното разочарување на својот тим пред домашна публика.