Реал не треба да се плаши од Меси, туку од новите играчи на Барса

Од Кројф до Ромарио, па преку Ето, Ибрахимовиќ, Нејмар до Вилја и Алексис Санчес, сите овие ѕвезди на своето деби на Ел Класико во дресот на Барселона постигнале гол во мрежата на Реал Мадрид.

Затоа традицијата треба да биде предупредување за Реал дека на „Камп ноу“ му се заканува опасност од Антоан Гриезман. Французинот на последните мечеви игра добро, се вклопува покрај Меси и Суарес, даде голови против Борусија Дортмунд, Мајорка и Реал Сосиедад. Вечерва тој ќе го доигра своето прво Ел Класико во кариерата.

На двете страни ќе има дебитанти на ова големо дерби и за сите ова е прилика да се прослават на големата сцена, можеби и да постигнат некој незаборавен гол.

- Оглас -

Најнови вести