Реал нема да потроши ниту едно евро, а сепак тимот ќе го освежи со 3-4 нови играчи

Директорот на Реал Мадрид, Анхел Санчес, им потврдил на шпанските новинари дека Кралскиот клуб во претстојниот преоден рок нема намера да троши пари. Пандемијата на корона-вирусот ја влоши финансиската состојба на сите клубови, така и на Реал, па клубот реши да продаде неколку фудбалери, а својот состав да го освежи со враќање на некои од позајмените фудбалери.

Реал нема да им ги намали платите на фудбалерите и затоа клубот нема намера да се изложува на дополнителни трошоци, иако загубите се големи поради играњето без публика. Во тек е и реновирање на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, за што исто така се потребни големи суми пари.

Сигурно е дека дресот на Реал во следната сезона ќе го носат одличниот Норвежанец Мартин Одегард, кој беше позајмен во Реал Сосиедад, и резервниот голман Андриј Лунин. Се зборува дека Реал ќе си ги врати и Дани Себалјос, кој како и Одегард треба да ја засили конкуренцијата во средниот ред, и десниот бек Алваро Одриозола, кој е позајмен во Баерн Минхен.

Шпанската лига почнува на 12-ти септември, па актуелниот првак има околу еден месец да продаде некои од играчите и да си ја подобри финансиската состојба. Следното лето во Реал ќе има претседателски избори и тогаш сигурно нема летото да биде мирно како ова, туку Флорентино Перес и неговите противкандидати ќе се расфрлаат со пари и ветувања дека ќе купат големи ѕвезди.

- Оглас -

Најнови вести