8748 Олимпијакос – Партизан (20.15 часот)
Грчкиот тим е голем фаворит на овој меч од кошаркарската Евролига. Партизан е во криза, има три порази по ред, додека пирејците добија три од последните четири меча. Црно-белите ќе бидат без Маринковиќ и Паркер, повреден е и Карлик Џонс, па со скратена ротација ќе имаат проблем против традиционално незгоден ривал. Партизан не победил во салата „Мир и пријателство“ уште од 2002 година. Олимпијакос сезонава губеше два меча на свој терен, чудо би било ако киксне и по трет пат.
Предлог тип: 1 & <166.50 (2.30)
1810 Вердер – Волфсбург (20.30 часот)
Десеттото коло во Бундеслигата почнува со дуел на два тима кај кои на дресовите доминира зелената боја. Вердер е во подобра форма, има низа од четири кола без пораз, додека Волфсбург загуби четири од последните пет меча. Вердер има четири бода повеќе. Во минатата сезона двете нивни пресметки завршуваа со победа на тој што бил гостин и имаше 3+ голови. Волфсбург победи на последните две гостувања во Бремен, уште од 2009 не било нерешено.
Предлог тип: 1Х & ГГ (2.07)
8749 Барселона – Реал Мадрид (20.30 часот)
Во кошаркарското Ел Класико од Евролигата, Барса влегува со една победа повеќе од Реал. Кралскиот клуб нема ниедна победа на гости сезонава во Евролигата (во шпанската лига има само една), па победа во „Палау Блауграна“ би им ги ублажила болките, но познато е дека за Каталонците ова е повеќе од меч и секогаш се супер мотивирани. Реал има осум победи по ред во дуелите со Барса, последната радост на Барселона во кошаркарското Ел Класико беше во април 2024 во лигашки меч.
Предлог тип: Т1 >21.50 Q1 (1.83)
3001 Пиза – Кремонезе (20.45 часот)
За разлика од Кремонезе, Пиза, која исто така е нв прволигаш, нема ниедна победа откако влезе во Серија А. Екипата на Пиза е мајстор за ремија, имаат четири нерешени игри по ред и вкупно шест во досегашните десет кола. Кремонезе има три победи и пет ремија, а само два порази. Пиза има дадено само 7 гола на 10 меча, а прими двојно повеќе. Минатата сезона Пиза дома во мај го совлада Кремонезе со 2-1 и тоа е последната победа на Пиза на официјален меч.
Предлог тип: 1-2 I & 1-3 II (2.60)
1375 Елче – Реал Сосиедад (21.00 часот)
Елче беше сензација по првите неколку кола во шпанската лига, но полека се враќа во реалноста, тимот освои само еден бод во последните четири кола. Од друга страна Сосиедад тргна катастрофално, но се крева кон средината на табелата, освои седум бода во последните три рунди, цел месец нема пораз, па дојде само на два бода помалку од Елче. Елче сезонава уште нема претрпено пораз дома, додека тимот од Сан Себастијан нема победа на гости, но славеа на последните три посети кај Елче во 2020 и двапати во 2022 година.
Предлог тип: ГГ & 3+ (2.55)

