Реал Мадрид објави видео на социјалните мрежи од итната медицинска интервенција над Антонио Рудигер, кој беше сошиен дури со 20 конци во соблекувалната веднаш по мечот со Шахтар во Лигата на шампионите.
Популарниот Тони беше стрелец на израмнувачкиот гол за Реал во 95-тата минута, но притоа настрада во дуелот со голманот на Шахтар, Анатоли Трубин.
Имаше видлива и незгодна повреда на лицето и веднаш беше однесен во соблекувалната на шиење.
Реал објави видео од комплетната ситуација и санирањето на повредата на лицето на Рудигер од страна на лекарскиот тим, а имаше интересни реакции.
Давид Алаба дојде и го бакна Рудигер за да издржи при шиењето со 20 конци, а неговиот сонародник Тони Крос за малку и ќе заплачеше.
Во целата ситуација во незгоден момент налета Лука Модриќ, кога Рудигер офкаше од болка, а комплетната снимка што е уникатна и прва ваква по повреда на спортист можете да ја погледнете подолу во текстот.
https://twitter.com/realmadrid/status/1580288051816849409?s=20&t=JKrQWmMsOAdcosEvRVocaQ
Популарното Ел Класико ќе се игра во Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“, во недела на 16 октомври, во 16.15 часот.