Реал објави каква е повредата на Рамос, навивачите се препотуваат

Тестовите покажаа дека Серхио Рамос има мускулна повреда поради која нема да може да игра до крајот на месецов, што значи дека Реал Мадрид на следните три меча, со Вилјареал, Интер и Алавес, ќе мора да се снаоѓа без својот капитен.

Рамос се повреди на мечот помеѓу репрезентациите на Шпанија и Германија и излезе од игра во 40-тата минута. Ова е лоша вест за Реал бидејќи без Рамос, тимот бележи лоши резултати во ЛШ (седум порази на последните осум меча). Засега не се знае дали централниот дефанзивец ќе може да игра на гостувањето кај Шахтар на 1 декември. Во декември Реал има низа тешки мечеви, со Шахтар, Севилја, Борусија Менхенгладбах и Атлетико Мадрид.

По добрите вести дека тројца играчи веќе не се позитивни на ковид-19 и дека Карим Бензема е добар, ова со Рамос е многу лошо за Зидан, а утре ќе се знае и состојбата со Рафаел Варан. Ако и Варан не може да игра против Вилјареал в сабота, тогаш тандем во одбраната ќе мора да бидат штотуку закрепнатите Милитао (повеќе од две недели беше со коронавирус) и Начо, кој не играл од Ел Класико на 24 октомври.

- Оглас -

Најнови вести