Во Реал полесно се дише – Азар, Каземиро и Милитао се негативни и ќе може да играат

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, има доби добри вести, Еден Азар и Милитао веќе не се позитивни на ковид-19, дадоа два негативни теста, тоа се однесува и на Каземиро, па овие тројца фудбалери денеска тренираа и најверојатно ќе му бидат на располагање за гостувањето кај Вилјареал в сабота попладне.

Пред Реал е еден многу напорен период со потенцијално 10 меча за еден месец, а пред неколку дена здравствениот билтен изгледаше многу лошо. Сепак, веројатно и Рафаел Варан нема посериозна повреда на рамото, па и ако не игра Серхио Рамос, нема да мора да „измислува“ со кои играчи ќе ја пополни одбраната.

Милитао на 2 ноември објави дека е позитивен на корона-вирус, со Азар и Касемиро тоа се случи шест дена подоцна. Останува да се види и дали ќе игра Карим Бензема, бидејќи уште ја влече повредата од кошмарното гостување кај Валенсија од пред десетина дена. Ако Французинот не игра в сабота и го чуваат за пресметката со Интер, шанса ќе добие Лука Јовиќ, кој даде два гола за Србија во разбивањето на Русија.

- Оглас -

Најнови вести