Реал пак со 3-1 против Ливерпул, победа во последен час за Сити (Видео)

Реал Мадрид – Ливерпул 3-1 и Манчестер сити – Борусија Дортмунд 2-1 се резултатите од  двата вечерашни меча со кои се отвори четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Јунак на Реал е младиот Винисиус жуниор, кој за првпат откако е во Кралскиот клуб даде два гола на официјален меч. Салах го даде голот кој спречи поубедлив пораз на Ливерпул. Се покажа дека иако Реал се плашеше како ќе му изгледа одбраната без Рамос, Варан и Карвахал, всушност дефанзивата на англискиот првак беше многу полоша.

Реал Мадрид го победи Ливерпул со 3-1 и пред три години, во финалето на ЛШ во Киев, но сега има и возвратен дуел во кој ќе има голема борба за пласман во полуфиналето.

Фил Фоден во 90-тата минута му донесе победа од 2-1 на Манчестер сити. Гостите можеа да имаат и подобар резултат, но потклекнаа во финишот. Халанд има мисија на реваншот да ја продолжи серијата на сите противници да им дава гол во ЛШ.

Ова е третиот гол на Винисиус, кому му помогна и лошата реакција на голманот Алисон:

https://twitter.com/i/status/1379531899148861440

- Оглас -

Најнови вести