Реал Мадрид е меѓу најбогатите фудбалски клубови во светот, но пандемијата со корона-вирусот успеа да наштети на профитот на Кралскиот клуб.
Затоа е донесена одлука повторно да се кратат платите, откако во април годинава шпанскиот првак пресече од 10 до 20%, почнувајќи од одборот на директори, па сè до играчите и стручниот штаб.
Во периодот кога фудбалот беше во застој поради корона-вирусот, Кралевите загубија 200 милиони евра профит, сума која мора да се надополни со оглед на ситуацијата.
Ваквиот потег доведува до заклучок дека летово нема да се случи голем трансфер на „Сантијаго Бернабеу“, освен ако не се собере буџет со продажба на неколку играчи во кои Зидан нема доверба.