Раководството на Реал Мадрид сака во своите редови да го донесе синот на легендата Фернандо Редондо. Федерико настапува за Аргентинос јуниор, а неговата цена во моментов е 15 милиони евра.
Дваесетгодишниот фудбалер од средниот ред игра одлично во редовите на матичниот клуб и со тоа го привлече вниманието на европските клубови. Интересно, Федерико Редондо е роден во Мадрид, во времето кога неговиот татко настапуваше за Кралскиот клуб.
Сепак, Реал Мадрид нема да има лесна задача да го ангажира бидејќи за неговите услуги има интерес и од градскиот ривал Атлетико, но и од премиерлигашите Ливерпул и Манчестер јунајтед.