Најтрофејниот шпански клуб Реал Мадрид денеска во своите витрини може да си обезбеди уште еден голем трофеј, шампионскиот пехар од Примера дивисион. Кралскиот клуб на „Сантијаго Бернабеу“ игра против Еспањол и со победа, Реал и теоретски ќе биде нов првак на Шпанија.
Моментно Реал има 78 бодови од 33 меча, додека Севилја е втора со 64 бодови од 34 средби, а Барселона е на третото место со 63 бодови од 33 дуели. Ако Реал освои три бода против Еспањол, ќе мадридскиот гигант ќе стигне до 81 бодови и ќе биде недостижен за најблиските ривали.
Марсело кој е дел од Реал Мадрид од 2006 година и ја игра 16-тата сезона во клубот, со освојување на титулата ќе стане и најтрофејниот играч во историјата на Кралскиот клуб. Бразилскиот дефанзивец моментно има освоено 23 трофеи со Реал и е на делба на првото место со легендарниот Пако Генто, но денеска треба да се израдува на 24 пехар и да влезе во историјата на клубот како најтрфеен.
На третото место на листата на најтрофејни фудбалери е Серхио Рамос со 22 трофеи, а Карим Бензема сега го чека 21 титула. На петото место ќе се искачи Лука Модриќ со 18 трофеи, колку што би имал и Начо, а по 17 трофеи ќе имаат Иско, Бејл и Карвахал. Крос и Касемиро ја чекаат 15-тата голема радост откако се дојдени во Реал Мадрид.