Лука Модриќ останува во Реал Мадрид уште една сезона, Тони Крос замина во фудбалска пензија, а Лукас Васкес е подготвен да потпише нов договор со „кралевите“. Единствено непозната останува судбината на Начо Фернандес, еден од фудбалерите кој важи за икона на клубот. Неговиот договор истекува на 30-ти овој месец, а Начо се уште се двоуми дали да потпише нов договор или да си амине од „Сантијаго Бернабе“.
Шпанските медиуми пренесуваат дека раководството на Реал Мадрид му поставило ултиматум и фудбалерот ќе мора за 20-тина дена да одлучи дали останува или си оди. Во моментов Начо се двоуми дали да остане уште една сезона во Реал Мадрид или да направи трансфер во американската МЛС лига.
Начо заедно со Модриќ се најтрофејните фудбалери во Реал Мадрид со по 26 трофеи со „кралскиот“ клуб.