Реал Сосиедад е вториот финалист на шпанскиот Куп, откако и вторпат славеше над баскискиот ривал, Атлетик Билбао, со идентични 1-0. Екипата од Сан Себастијан во финалето од Купот за противник ќе го има Атлетико Мадрид, а вакво финале ќе има првпат по 1987 година.
Микел Ојарзабал во 87-мата минута од пенал беше стрелец на единствениот гол на мечот против Атлетик Билбао.
За Реал Сосиедад ова ќе биде седмо финале во Купот на Шпанија, а екипата од Баскија има два трофеи, кои ги освои во 1987 и 2020 година.

