Реал три недели без капитенот Рамос

Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан, во следните две до три недели не ќе може да смета на капитенот Серхио Рамос. Шпанецот се здоби со повреда на листот од левата нога на еден тренинг, по што му се предвидува подолга пауза, иако не е одреден точен датум за враќање на терените.

Рамос нема да биде во составот на Кралевите во мечот против Леганес (понеделник, 21 часот) во рамките од 32-то коло во Ла Лига, а нема да настапи и во наредните првенствени натпревари против Атлетик Билбао и Хетафе. Последен пат играше во поразот од Валенсија (2-1), а Зидан го остави на клупа Рамос во победата над Еибар пред седум дена.

Искусниот дефанзивец сезонава настапи на вкупно 39 натпревари на кои постигна 10 гола.

- Оглас -

Најнови вести