Реал упати ултиматум до ПСЖ – Ќе се откаже од Мбапе, ако не дојде до утре

Реал Мадрид упати ултиматум до Пари Сен Жермен за трансферот на Килијан Мбапе, со одлука да се откажат ако 22-годишниот напаѓач не пристигне до утре во Мадрид.

Ваквиот развој на настаните е неочекуван, а понудата од 170 милиони евра од Реал, плус 10 милиони во бонуси до ПСЖ за да го ослободи Мбапе се покажа дека не е сигурна и прифатена од парижани.

Реномираната шпанска „Марка“ вчера објави дека Мбапе веќе е играч на Реал Мадрид и дека ПСЖ ја прифатил втората понуда на Кралевите, откако првата вредна 160 милиони евра не беше прифатена.

Претходно ПСЖ објави дека бара 220 милиони евра за да го ослободи играчот што има уште една година од договорот со нив.

Мбапе сака да игра за Реал Мадрид, но на ПСЖ очигледно не му се брза, иако може да го загуби офанзивецот идната година без обештетување.

Во вторник до полноќ е последната можност трансферот да се реализира, бидејќи завршува преодниот рок.

 

- Оглас -

Најнови вести