Реал веќе има план кој ќе го наследи Анчелоти за Светското клупско првенство

По елиминацијата на Реал Мадрид од Лигата на шампионите, шпекулациите за заминување на Карло Анчелоти се интензивираа, особено по тешкиот пораз од Арсенал со вкупни 1- во четвртфиналето. Според каталонскиот весник „Спорт“, клубот веќе има подготвен план во случај Анчелоти да биде отпуштен пред крајот на сезоната.

Во случај на рана разделба, се наведува дека Сантијаго Солари е подготвен како привремен тренер кој би го водел тимот на Светското клупско првенство, кое се одржува во јуни и јули. Солари во моментов е дел од спортско-техничкиот сектор на клубот, а веќе има искуство како тренер на првиот тим.

Солари ја презеде екипата во октомври 2018 по отказот на Хулен Лопетеги, иако неговиот мандат заврши во март 2019 по слаба форма, кога беше заменет од Зинедин Зидан. Во неговото кратко време, Солари се истакна со враќање на формата на Карим Бензема, промоцијата на Винисиус јуниор, но форсирањето на Регилон наместо легендарниот Марсело.

Во медиумите веќе се вртат и имињата на долгорочни наследници на клупата на Реал, како Јирген Клоп и Чаби Алонсо, но засега сè зависи од исходот на Ел Класико за Купот на кралот, кој може да биде пресуден за иднината на Анчелоти.

- Оглас -

Најнови вести