Реал влезе во серија победи, три гола за три бода против Алавес

Реал Мадрид сега е на едноцифрена разлика во однос на лидерот Барселона во шпанската Примера дивисион. Кралскиот клуб не дозволи изненадување на свој терен и со 3:0 го победи Алавес. Карим Бензема ја најави победата на домаќините со погодокот во 30 минута.

За францускиот голгетер ова беше 10 погодок сезонава во 22 средби. Колку за споредба, минатата сезона, Бензема имаше постигнато само пет погодоци во 32 меча, што јасно покажува колку лани бил во лоша форма, но и во сенка на Кристијано Роналдо, кој сезонава е дел од Јувентус.

Неизвесноста дека Алавес со погодок може да направи изненадување, траеше до 10 минути пред крајот. Жуниос Виничиус зголеми на 2:0, а во последните секунди од средбата Маријано го постигна третиот гол, за три бода на Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести