Реал Мадрид со два гола на Федерико Валверде води со 2-0 против Манчестер сити во едно од двете дербија вечерва во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Капитенот на Кралскиот клуб со погодоците во 20-та и 27-ма минута ги шокираше гостите кои беа опасни додека не го примија првиот гол. Голот на Валверде за 1-0 при кој асистент беше голманот Тибо Куртоа, погледнете го ТУКА.
Интересно е дека за Реал не е добро што прв даде гол. Традицијата покажува дека секогаш кога овие два тима се сретнале во нокаут фаза, понатаму одел тој што прв примал гол во двомечот, а и есеноска кога се сретнаа во лигашкиот дел, Сити победи со 2-1 после водство на Реал од 1-0.
Но, сега веќе е 2-0 и можеби таа непријатна традиција за тимот кој прв дал гол, ќе биде прекината.

