Реал залудно се жалеше: Потврдена казната од шест натпревари за Ридигер

Комисијата за жалби при Фудбалскиот сојуз на Шпанија го одби приговорот на Реал Мадрид и ја потврди суспензијата за Антонио Ридигер од шест натпревари. Дисциплинците немаа милост за германскиот дефанзивец на Кралевите, кој жестоко го нападна главниот судија на финалниот меч од Купот на Шпанија против Барселона. Ридигер тргна физички да се пресметува со Бенгоечеа, дури фрлаше и со мраз по него, па заслужено доби црвен картон, а потоа беше пријавен и за насилничко однесување.

Дури пет члена на стручниот штаб на Реал Мадрид мораа да го држат за да не влета на теренот и физички да го нападне главниот судија.

„Нема апсолутно никакво оправдување за моето однесување. Искрено жалам“, напиша Ридигер на социјалните мрежи, но и тоа не беше доволно за неговата казна да биде намалена, па сега ќе мора да го пропушти стартот на следната сезона во Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести