Реал згрме кон судиите: Како можете мирно да спиете, ова е пенал како катедрала, правите идиоти од нас (Фото)

Популарното градско дерби Ел Мадрилењо меѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид заврши без победник 1:1 откако детето на Кралевите, Маркос Љоренте, во 93-тата минута постигна гол за Јорганџиите, но по мечот на удар се најдоа судиите.

Реал Мадрид, кој во претходните две кола беше обвинуван дека има помош од судиите, овојпат реагираше дека е драстично оштетен, односно дека не му биле досудени три пенали.

„Судии, како можете мирно да спиете? Првиот пенал мораше да биде досуден кога Саул го собори Лукас Васкес. Тоа е чист пенал, а судијата беше на одлична позиција за добро да го види прекршокот, но ниту свирна нешто, ниту на такво нешто му укажа судијата во ВАР-собата. Падот на Васкес е очигледен, нема вештачка интелигенција која се вмешала и е додадено нешто во прекршокот. Срамота е судиите да гледаат на друга страна“, коментира клупската телевизија на Реал Мадрид.

Од телевизијата тврдат дека на Кралевите биле оштетени за уште два пенали кои биле направени врз Џуд Белингам.

„Во првиот случај, Џуд беше соборен од Стефан Савиќ, кој го удри со лакот за непрописно да го запре и да го оневозможи да излезе сам пред голманот Облак. Тука нема за што да зборуваме, навистина е срамота што е досуден пенал. Ова е пенал како катедрала. Во вториот случај, Белингам беше запрен со боречки зафат од Маркос Љоренте. Ова да се нарече „прегратка“ е за глупави луѓе, а ние тоа не сме. Џуд избори два пенали, но не доби ниту еден и полека сфаќа каква е Ла Лига. На сите наши навивачи им е јасно дека три од четирите градски дерби-пресметки ги реши триото на Атлетико, Алберола Рохас, Квадра Фернандес и Санчес Мартинес (судии)“, коментира клупската телевизија на Реал Мадрид.

https://twitter.com/MadridXtra/status/1754270896116629940?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1754270896116629940%7Ctwgr%5E2438556ad11921cb495aea37f38d69fbea8aad80%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Freal-radite-od-nas-idiote-tri-penala-kao-katedrala-a-nijedan-dosudjen%2F2535574.aspx

 

- Оглас -

Најнови вести