Ред Бул му даде крилја на Поулсен

Јусуф Поулсен со три гола придонесе во победата на Ред Бул Лајпциг над Херта од 5-0, и стана првиот играч во историјата на тимот од источна Германија што постигнал хет-трик на бундеслигашки натпревар.

Веќе во 64 минута домашните испукаа „петарда“ во мрежата на гостите, но откако му отчитаа лекција на противникот од Берлин кој им е сосед на 180 километри (за Херта ова е најкратко гостување), тука застанаа.

Лајпциг е тим со најмалку примени голови во лигата и со новите три бода се зацврсти на третата позиција, зад Борусија Дортмунд и Баерн Минхен кој киксираше денеска кај Фрајбург.

- Оглас -

Најнови вести