Реџепи и Георгиевски ќе бидат знаменосци на церемонијата во Токио

Македонскиот олимписки комитет ги претстави спортистите кои ќе ја претставуваат Македонија на Олимписките игри во Токио на помалку од десет дена од стартот на планетарниот спортски собир.

Арбреша Реџепи и Дејан Георгиевски се избрани за знаменосци на свечената церемонија во Токио, а вкупно осуммина спортисти ќе учестувваат во неколку различни дисциплини.

Тоа се: Миа Блажевска-Еминова во пливање 100 метри, Борјан Бранковски во спортско стрелаштво 10 метри воздушен пиштол, Дејан Георгиевски во таеквондо +80 килограми, Филип Деркоски во пливање 400 метри, Пулексенија Јованоска во карате Ката, Магомедгаџи Нуров во борење слободен стил 97 килограми, Арбреша Реџепи во џудо – 52 килограми и Јован Стојоски во атлетика 400 метри.

 

- Оглас -

Најнови вести