Редно беше Лацио да победи, настрада Калјари

Лацио со убедливи 3-1 го совлада Калјари, во првиот меч од 17. коло во Серија А. Домаќините фуриозно ја отворија средбата на „Олимпико“, креираа сигурна предност уште по првите дваесетина минути, па остатокот од мечот помина без поголеми проблеми.

На листата на стрелци се најде Сергеј Милинковиќ – Савиќ, српскиот фудбалер по подолго време успева да затресе мрежа во италијанскиот шампионат, а се играше 12-тата минута кога Лацио поведе. Само 11 минути подоцна, Ачерби донесе двојна предност, додека Лулиќ ja запечати победата во 67-та минута. Гостите постигнаа почесен погодок во финишот на средбата, Жоао Педро беше прецизен од белата точка.

По пет последователни меча без триумф во Серија А, Лацио конечно се израдува и стигна до осмата победа. Сега се на четвртото место со 28 бода, еден повеќе од Милан, додека „росонерите“ подоцна играат против Фиорентина.

- Оглас -

Најнови вести