За првпат во историјата на НБА-лигата, во сите четири конференциски полуфиналиња гостите поведоа со 1-0. Во серијата на Кливленд и Индијана е веќе 0-2, па домашните екипи се пред сериозен предизвик конечно да триумфираат пред своја публика.
Бостон селтикс и Оклахома Сити тандер се големи фаворити за победа според квотите во Sport Life, но гостинските екипи Њујорк никс, односно Денвер нагетс сега се во психолошка предност и немаат намера лесно да се откажт од водство од 2-0 со кое би заминале дома.
Актуелниот првак Бостон во плејофот од минатата сезона и оваа ги доби сите мечеви по пораз на претходниот дуел, и тоа победите беа со просек од 15 поени разлика. Келтите засега не дозволуваат два порази по ред, а дали тоа ќе продолжи, останува да се види. Никси во конференциските полуфиналиња имаат серија од пет порази по ред во вториот меч.
Оклахома беше најуспешен тим во регуларната сезона, тие дома играат добро, но беа поразени од Јокиќ, Гордон и другарите на отворањето на оваа серија.
Како и секоја вечер, така и овојпат, Sport Life има пребогата понуда за обложување за индивидуалци и може да погодувате кој играч колку поени ќе има, колку асистенции, колку погодени тројки.