1001 Лидс – Нотингам форест (20.45 часот)
Битката за опстанок во Премиер лигата е приоритет на овие два тима од долниот дел на табелата. Шумарите, кои се 15-ти, имаат еден бод повеќе. Форест има проблем со неефикасноста, а и не победиле повеќе од еден месец. Двата тима имаат проблеми со отсуства на повредени играчи. Последните три меча на Лидс беа со 4+ гола, а Форест четири кола по ред и дава и прима гол. Она што не оди во прилог на ефикасен меч вечерва е традицијата, последните три битки им биле со 0-2 гола. Лидс дома не победил против Нотингам од 2017 година.
Предлог тип: 1Х & 2-5 (1.64)
1003 Лестер – Астон вила (20.45 часот)
Двата тима во спротивно расположение влегуваат во овој дуел. Астон вила е во одлична форма, освои 13 бода во последните пет кола, има шанси за излез во Европа, а Лестер е претпоследен, освои само еден бод во последните шест кола и го смени тренерот Роџерс, па вечерва на клупа ќе бидат двајца привремени тренери. Лисиците дома три години не знаат за победа против Вила. На 4 февруари во Бирмингам, Лестер победи со 4-2, но тоа сега делува како многу далечно минато.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.96)
2848 Баерн – Фрајбург (20.45 часот)
Фрајбург ја имаше таа несреќа во четвртфиналето на германскиот куп да игра против Баерн, и тоа во Минхен, а нема реванш, овој меч одлучува кој да оди во полуфинале. Тренерот Тухел дојде во Баерн со намера да ја освои двојната круна, па сè освен победа на Баварците би било чудо. Баерн даде четири гола во дербито со Борусија викендов, а есеноска во бундеслигашкиот меч против Фрајбург победија со 5-0. Фрајбург е тим кој не дава и прима многу голови, но овојпат одбраната ќе им биде на голема мака.
Предлог тип: Т1 3+ (1.88)
3040 Јувентус – Интер (21.00 часот)
Ова е како финале пред финале бидејќи другиот полуфинален пар од Купот на Италија е Кремонезе – Фиорентина, па тој што ќе оди во финале од двобојот на Јуве и Интер, ќе биде голем фаворит за освојување на трофејот. Вечерва се игра во Торино, но ќе има и реванш во Милано на 26 април. Проблем за Интер се повредите на Чалханоглу и Шкринијар, Нераѕурите три меча по ред немаат дадено гол. Неодамна Старата дама го совлада Интер во Милано со 1-0, а Јуве три меча по ред нема примено гол.
Предлог тип: 1Х & 0-3 (1.61)
1004 Челзи – Ливерпул (21.00 часот)
И Челзи и Ливерпул викендов загубија, а Сините од Лондон го сменија тренерот. Црвените имаат два порази по ред и почнаа да заостануваат во трката за местата кои водат во ЛШ. Последните три меѓусебни дуели во сите натпреварувања им завршуваа со 0-0 по регуларните 90 минути, последен пат во нивните пресметки имало победник пред две години. Челзи од 2018 година нема лигашка победа над Ливерпул на „Стемфорд бриџ“.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.30)