Рефлекторите светнаа во Битола, се чека почетокот на македонското „Ел Класико“ (Видео)

На околу половина час пред почетокот на дербито Пелистер – Вардар, новата трибина на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола е речиси полна и публиката со нетрпение го чека стартот на овој дуел, кој е историски за битолскиот фудбал, бидејќи првпат еден прволигашки меч се игра под светлината на рефлекторите.

Без разлика какви состави имаат, мечевите на старите ривали Пелистер и Вардар секогаш се магнет за публиката, така е и вечерва, спектаклот барем на трибините, нема да изостане.

- Оглас -

Најнови вести