Работно во Тотенхем: Претставени Бејл и Регилон

По неполн час откако Ливерпул се пофали со трансферот на Диого Жота, и Тотенхем одлучи да ги претстави новите засилувања.

Герет Бејл и официјално се врати во клубот по седум години пауза, а во претстојната сезона ќе игра како позајмен играч од Реал Мадрид. Заедно со Велшанецот кој ќе го носи бројот 9 на дресот, од Мадрид во Лондон се пресели и Серхио Регилон.

Шпанскиот бек пристигна во Лондон за сума од 30 милиони евра, а во неговиот трансфер има клаузула која Реал Мадрид може да ја активира и да го врати назад за 45 милиони евра.

Регилон потпиша петгодишен договор со Петлите, меѓутоа навивачите на клубот кој го води Жозе Мурињо со нетрпение го очекуваат вториот ангажман од редовите на Реал, поточно враќањето на Герет Бејл.

- Оглас -

Најнови вести