Жота го облече дресот на англискиот шампион

Англискиот првак Ливерпул и официјално се засили со Диого Жота од Вулверхемптон, за кого Црвените платија 45 милиони фунти. Португалскиот офанзивец потпиша петгодишен договор со гигантот од „Енфилд“ и тој е второто засилување за тимот на Јирген Клоп за помалку од 24 часа.

Ливерпул вчера му посака добредојде на Тијаго Алкантара, а во краток период доведе одлична опција во нападот која ќе се бори за место во составот покрај Мане, Фирмино и Салах.

https://twitter.com/LFC/status/1307354585141579782

- Оглас -

Најнови вести