Рекорден договор за најкорисниот играч во МЛБ-лигата

Стивен Страсбург, ѕвездата на актуелните шампиони на МВЛ, Вашингтон нешналс, потпиша нов седумгодишен договор со клубот вреден 245 милиони долари. Најкорисниот играч за минатата сезона на тој начин стана најплатен фрлач во историјата на американскиот бејзбол, секоја година на сметка ќе му легнат по 35 милиони долари.

Страсбург беше еден од клучните играчи на Вашинтон во освојувањето на првата титула во историјата на оваа франшиза, па сосема заслужено е награден со овој мултимилионски договор, а тој е само петти играч во лигата кој добива договор со повеќе од 200 милиони долари.

https://twitter.com/theScore/status/1204127674911854593?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1204127674911854593&ref_url=http%3A%2F%2Fsportklub.rs%2FEkipni%2Fa317110-Za-MVP-Svetske-serije-novi-ugovor-i-245-miliona-dolara.html

- Оглас -

Најнови вести