Рекорден трансфер на ПСВ Ајндховен – По Елмас и Лозано дојде во Наполи

Хирвинг Лозано е нов член на Наполи и ќе игра за вицешампионот на Италија до 2024 година, во трансфер што го урна клупскиот рекорд на ПСВ Ајндховен.

Холандскиот клуб ќе инкасира 50 милиони евра, а 23-годишниот мексикански репрезентативец ќе се пресели на „Сан Паоло“.

Лозано имаше прекрасна сезона во ПСВ и со 17 гола беше прв стрелец на клубот и вкупно четврти во Ередивизија. Претходно најголем трансфер од редовите на гигантот од Ајндховен имаше Мемфис Депај кога пред 4 години потпиша за Манчестер јунајтед за сума од 34 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести