27.8 C
Skopje
недела, 3 август 2025

Рекордери: Манчестер јунајтед за 10 години е повеќе од милијарда евра во минус од трансфери

Манчестер јунајтед е далеку од времињата кога доминираше во англискиот фудбал, кога беше во времето на Сер Алекс Фергусон.

Црвените ѓаволи со години наназад се далеку од борбата за титулата во Англија и Лигата на шампионите, а единствениот успех што го имаа беше во 2017 година, кога со Жозе Мурињо ја освоија Лигата на Европа.

Институтот за истражување во фудбалот, ЦИЕС, објави статистика во којашто во последните десет години овој тим е рекордер по давање пари за фудбалери. Манчестер за една декада дал 1.545.000.000, односно со букви милијарда и петстотинини четириесет и пет милиони евра за трансфери.

Додека, од продажба инкасирале само 470.000.000 (470 милиони) евра, со што се апсолутни рекордери по потрошеност, но и по тоа што имаат неверојатна загуба од милијарда евра.

На второто место е Манчестер сити, којшто купил фудбалери во вредност од 1.699.000.000 евра, но има многу поголема продажба, којашто изнесува 715 милиони, но и голем број титули во Англија.

- Оглас -

Најнови вести