Рекордерот е на свој терен и ќе ги лови опасните англиски Волци

Рекордерот со пет титули во Лигата на Европа, екипата на Севилја ќе има една дополнителна предност, која е мала, но значајна и денеска ќе игра против Вулверхемптон на „Шауинсланд-Рајзен арената“ во Дуисбург, каде што ја елиминираше Рома во осминафиналето.

Прекрасниот стадион на германскиот третолигаш Дуисбург повторно ќе им биде домаќин на гостите од Андалузија, а мисијата е иста, повторно да се победи, овојпат против Вулверхемптон.

Англиските Волци се опасни, а целта им е да го изненадат рекордерот во Лигата на Европа и да продолжат во натпреварувањето во кое во 1972 година играа и финале.

Тогаш загубија во двомеч од Тотенхем со вкупен резултат од 2:3, а сега амбициите се да се оди докрај и на прва европска круна.

Играчите на Севилја се вистински велемајстори за освојување пехари во ова натпреварување и во пет финалиња имаат исто толку победи.

Триумф и во оваа сезона на Лигата на Европа само ќе им го подобри рекордот и ќе им ја дуплира предноста пред квартетот Ливерпул, Интер, Јувентус и Атлетико Мадрид, кои се зад нив на вечната листа со по три пехари.

Можни состави:

Вулверхемптон: Патрисио – Боли, Коуди, Сајс – Доерти, Дендонкер, Мутињо, Невеш, Винагре – Траоре, Хименес.

Севилја::Бону – Навас, Карлос, Кунде, Регулион – Џордан, Фернандо, Банега – Сусо, Ен-Несири, Окампос.

 

 

- Оглас -

Најнови вести