Ова беше една од тие мечеви кога се ви оди од рака. Ми се чинеше дека обрачот е широк како океан и не можев да утнам. Им благодарам на соиграчите кои ми помогнаа да стасам до рекордот, вели извонредниот Американец во Анадолу Ефес.
Постигна 49 поени против Баерн во победата на турскиот тим од 104:75, а имаше блескав шут за три поении погоди 10 удари од 12 обиди.
Ларкин сега е сопственик на рекорден учинок во поени, а го смени квартетот кошаркари што досега го делеа рекордот.
Алфонсо Форд како кошаркар на Перистери и Карлтон Мајерс од Фортитудо Болоња постигнаа по 41 поен на различни натпревари во 2001 година, а потоа им се приклучи Каспарс Камбала со идентичен ефект како играч на Ефес Пилсен во 2002 година. Последен што успеа да постигне 41 поен беше Боби Браун од Монтепаски Сиена во 2013 година.