Рекордната серија на Италија без пораз заврши, сега Аргентина има најдолга низа

Поразот кој го претрпе Италија од Шпанија во полуфиналето на Лигата на нации, стави крај на серијата на Аѕурите од 37 натпревари по ред без пораз, и тоа е нов светски рекорд. Сега кога таа серија е прекината, има други репрезентации кои ќе се обидат да го повторат или надминат тој подвиг. На пол-позиција е Аргентина, која има 23 средби по ред без пораз.

Аргентинците не знаат пораз од 2019 година наваму. На претходните 23 меча, тие или победуваа или играа нерешено, па на добар пат се да се обидат да го стигнат рекордот на Италија.

После Аргентина, убави серии без пораз во моментов имаат и Мароко (19 меча), Англија (16), Франција (15), Алжир (13), САД (12) и Австралија (11).

- Оглас -

Најнови вести