Рекордот на Дрогба брзо ќе падне, пустинската лисица на Сити е на пет чекори до легендата

Ријад Марез денеска ја запиша јубилејната 50-та асистенција во Премиер лигата и е само вториот африкански играч со 50+ прецизни додавања за гол.

Алжирскиот репрезентативец постигна гол од пенал во 14-тата минута во победата на Манчестер сити против Лестер со 6:3, а јубилејната 50-та асистенција ја забележа во 69-тата минута, кога прекрасно го послужи Емерик Лапорт за гол за 5:3.

Сега пред Марез е само Дидие Дрогба со 55 асистенции во Премиер лигата, но до крајот на сезоната има време за пустинската лисица од Алжир да го урне рекордот на легендарниот напаѓач на Брегот на Слонова Коска и да стане најдобриот асистент од Африка во историјата на Премиер лигата.

https://twitter.com/bylka613_/status/1475149238124355593?s=20

 

- Оглас -

Најнови вести