Лоренцо Инсиње за кратко време по трансферот во Торонто го дочека својот дебитантски гол во МЛС лигата.
Ни помалку ни повеќе, Инсиње со првенецот ја потврди победата на Торонто од 4-3 на гостувањето кај Нешвил, изведувајќи ремек-дело во негов стил.
При водство на гостите во 77-та минута, Инсиње ја прими топката на околу 35 метри од голот, со еден потег се ослободи од двајца противници, изгради простор за шут и потегна силно погодувајќи за 4-2.
https://twitter.com/brfootball/status/1556096487913824256