Ремито против Англија ѝ донесе скок на Македонија на ранг-листата на ФИФА

Македонската фудбалска репрезентација напредуваше една позиција на најновата ранг-листа на ФИФА и сега е на 65-тото место во светски рамки. Скокот од едно место е благодарение на нерешениот резултат 1:1 против Англија во Скопје.

На врвот на листата нема промени и лидер е Аргентина пред Франција, а Англија сега е на третото место. Во Топ 10 има место уште и за селекциите на Белгија, Бразил, Холандија, Португалија, Шпанија, Италија и Хрватска.

- Оглас -

Најнови вести