6782 Словачка – Украина (15.00 часот)
Словаците изненадија пријатно, Украинците непријатно во првото коло на Европското првенство, но и покрај тоа Украина е фаворит на хартија на денешниот меч. За Украинците овој меч е шанса да го фатат возот за осминафиналето, додека Словаците веројатно би биле задоволни и со нерешен резултат иако после победата над Белгија, нов триумф би ги однел во осминафинале. Последниот меѓусебен дуел на овие селекции беше во 2018 година во Лигата на нации, Словачка дома победи со 4-1.
Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.00)
6783 Полска – Австрија (18.00 часот)
Полска и Австрија во првото коло претрпеа очекувани, минимални порази од фаворитите Холандија односно Франција, и сега се во потрага по првите бодови. Кај Полска можно е да заигра Левандовски кој не настапи во првото коло. Последните три меѓусебни дуели на овие селекции беа неефикасни, со 0-2 гола, но тоа не мора да значи ништо, двата тима ќе бидат мотивирани да прикажат добра игра и да не загубат шанси за осминафинале уште по две кола.
Предлог тип: Х прво полувреме (2.20)
5606 Замалек – Фарко (18.00 часот)
Големиот Замалек претрпе пораз во претходното коло во египетската лига, а Фарко има серија од четири меча по ред без победа. Фарко на 25 меча има само четири победи, но и дури 10 ремија, додека Замалек на 19 меча има четири нерешени игри. Замалек е тим кој во последно време редовно дава голови, но ретко кога постигнува повеќе од два на еден меч.
Предлог тип: 1 & 2-4 (2.45)
3534 Гомел – Солигорск (19.00 часот)
Шахтар Солигорск сезонава ја почна со минус од 20 бода, и пред нив е речиси невозможна мисија да останат во првата белоруска лига. Во моментов се на -13, а поминаа 12 кола во кои извојуваа само една победа. Имаат дадено само 8 гола на 12 меча. Гомел е седми со пет ремија на 12 меча, има примено скромни 10 голови, а во минатото коло загубија.
Предлог тип: 1 & 0-3 (2.22)
6784 Холандија – Франција (21.00 часот)
Французите веројатно ќе играат без Мбапе кој има скршеница на носот, иако Мбапе засега не е целосно отпишан. Ако има победник, тој тим ќе го освои првото место во групата. Французите не блескаа во првото коло, денеска мора да одиграат подобро ако сакаат да освојат три бода. Лалињата имаат низа од шест меча по ред со 3+ голови. Тие една година немаат одиграно нерешено, а во дуелите против Галските петли не играле нерешено 20 години. Франција има серија од три дуели едноподруго без примен гол.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.13)