Глазгов Ренџерс славеше во големото „Олд Фирм“ дерби, откако на гостински терен го совлада Селтик со 1-3, иако по првото полувреме имаше негатива од 1-0. Натпреварот се одигра во рамки на 21-то коло од шкотската Премиер лига.
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски мечот го започна на клупата, а шанса за настап доби дури во судиското надополнување, кога за многу кратко време заработи жолт картон.
Селтик поведе преку Хјун Јун Јанд во првиот дел, но Ренџерс во продолжението прикажа далеку подобра игра и направи целосен пресврт.
Португалскиот напаѓач Шермити беше клучна фигура со два погодоци по паузата, додека точка на победата стави Англичанецот Мајки Мур со гол во 71-та минута.
Со освоените три бода, Ренџерс се израмни со Селтик на табелата со по 38 поени и ја намали разликата на три бода зад водечкиот Хартс, со што трката за титулата во Шкотска станува сè поинтересна и неизвесна.

