Вкупно 24 екипи останаа во трка за трите трофеи во натпреварувањата на УЕФА. Освен елитната Лига на шампиони, каде што играат најдобрите, тука се и Лигата на Европа и Конференциската лига, во чии натпреварувања останаа најдобрите осум.
Интересно е дека Италија и Англија се единствените две земји кои свои претставници имаат во сите три натпреварувања, но сепак во преден план се Аѕурите. Екипите од земјата која е актуелен европски фудбалски првак имат дури шест преставнка во Европа.
Милан, Интер и Наполи се дел од Лигата на шампионите, Јувентус и Рома продолжуваат во четвртфиналето од Лигата на Европа, а Фиорентина атакува на трофејот во Конференциската лига.
Ова е само третпат во историјата во четвртфиналето на европските купови Италија да има шест екипи. Тоа се случило и во 1999 година, а рекордот е во 1991 година, кога дури седум италијански екипи останале во четвртфиналните фази.
6 – Six Italian teams have been qualified to the Quarter Final stage of the UEFA European competitions for the third time in the history, after in 1998/99 (6) and in 1990/91 (7). Renaissance. pic.twitter.com/SzUXvReUqJ
— OptaPaolo (@OptaPaolo) March 16, 2023