Ренова со два пенали го казни „плиткиот“ Вардар

Ренова го победи Вардар со 2-0, и освои три многу значајни бодови во битката за опстанок во првата лига. Гипсарите со овој триумф привремено се одлепија од дното, и му направија услуга на другиот тетовски прволигаш, Шкендија, која дочека нов кикс на лидерот, па ако Шкендија го победи Борец во Велес, првакот ќе дојде на само пет бода заостанување зад најтрофејниот клуб.

За Вардар ова е трети пораз сезонава.

Двата гола за Ренова ги даде Арѓент Гафури, двата беа од пенали кои беа направени врз Бојан Миовски. Олеснителна околност за Вардар е што по првото полувреме и Шкендија губи, па и Борец ќе се бори да остане во лигата и најавува оти битката за опстанок ќе биде жестока како и таа за врвот.

- Оглас -

Најнови вести