По поразот во „мајсторката“ во финалната серија од АБА-лигата од Црвена ѕвезда, Будуќност остана без тренер бидејќи Јасмин Репеша поднесе оставка. Раководството на клубот должноста на предводник на екипата му ја додели на Петар Мијовиќ, а Црногорецот на клупата ќе се задржи до крајот на оваа сезона.
Станува збор за млад стратег, кој занаетот го изучувал во Зета, Башкими и Сигал, за во 2017 година да започне со работа во младинските школи на Будуќност. Ова ќе му биде најголем предизвик во кариерата.
https://twitter.com/KKBuducnostVOLI/status/1121015544638050304