Еден од најпознатите весници во Германија, „Билд“, објави приказна за македонскиот фудбалер Елиф Елмас.
За време на летната пауза, Дијамантот помага во семејната слаткарница „Мандарина“ во скопската населба Автокоманда. Иако заработува одлично, скромниот Елмас не се срами со татко му Џеват да застане зад пултот и да продава сладоледи и колачи.
Обврските на Елмас во „Мандарина“ завршуваат, тој утре треба да се врати во Германија каде што почнува со тренинзи со Лајпциг и ќе има прилика да се наметне кај стручниот штаб затоа што многу негови соиграчи се на Европско првенство и подоцна ќе се приклучат на подготовките.