14.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Репрезентативен фудбал во Квотите на денот со фантастични коефициенти, најмалиот е 2.05 (Фото)

Петте натпревари во Квотите на денот се репрезентативни дуели, кои ако се одиграат заедно на еден тикет, носат вкупен коефициент од 54.74.

Првиот предлог е од битката за првото место во групата Ф меѓу Австрија и Белгија. Квота од 2.30 се добива ако се одигра Белгија да не загуби, а притоа да бидат постигнати меѓу два и четири гола.

Дербито на вечерта во европските квалификации е дуелот меѓу Холандија и Франција и го има најголемиот коефициент, 2.40. Тука предлогот е да се одигра на голови, односно дека ќе се тресат мрежите на двете селекции, а притоа ќе има барем по еден гол и во првото и во второто полувреме.

Португалија во Порто ја пречекува Словачка и има одлична шанса да го задржи максималниот учинок во квалификациите бидејќи е голем фаворит за триумф. Предлогот на Sport Life е да се одигра дека Португалија ќе постигне меѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме. Квотата за оваа игра изнесува 2.15.

Единствениот пријателски натпревар во Квотите на денот е тој меѓу Англија и Австралија и ја има најмалата квота која изнесува 2.05. Таа се добива ако се одигра во сигурна победа на Англија, односно „кец во кец“ и притоа бидат постигнати помеѓу два и пет гола на натпреварот.

Последниот предлог е од натпреварот меѓу Ирска и Грција. Тука се очекува Ирците да не загубат, а притоа да бидат постигнати барем два гола на натпреварот.

- Оглас -

Најнови вести