Репрезентативецот на Швајцарија, Ноа Окафор, е најновото засилување на Милан. 23-годишниот фудбалер со клубот од Милано потпиша петгодишен договор, а обесштетувањето кое ќе го добие неговиот досегашен клуб Салцбург изнесува 14 милиони евра.
https://twitter.com/acmilan/status/1682795137313775619?s=20
Окафор за Салцбург одигра 110 натпревари, на кои има постигнато 34 погодоци. Потекнува од швајцарскиот Базел, и тоа се единствените клубови во неговата кариера. За репрезентацијата на Швајцарија има одиграно 14 натпревари и постигнато 2 погодоци.
https://twitter.com/acmilan/status/1682791665122299904?s=20