Селекцијата на Србија со победата над Португалија од 2:1 избори директен пласман на Светското првенство во Катар.
Избраниците на Драган Стојковиќ-Пикси одиграа навистина одличен меч во Лисабон и сосема заслужено го испратија претпоследниот првак на Европа во баражот, каде што можат да се соочат токму со Македонија.
Предраг Рајковиќ, репрезентативниот голман на Србија, смета дека селекцијата има квалитет да оди далеку и дека не е невозможно да го освои СП.
„Свесни сме дека имаме квалитет да се натпреваруваме со најголемите репрезентации во фудбалот и тоа го покажавме против Португалија.
Не е невозможно да го освоиме и Светското првенство во Катар. Имаме добри момци, но нема да се залетуваме и да летаме во облаци.
Чекаме да ја видиме групата во којашто ќе бидеме, а веруваме во нас и во селекторот“, изјави Рајковиќ.