
Селекторот Кирил Лазаров одлучи најмладите, а тоа се Галевски Ристевски и Дамјан Митев да не бидат во составот на Македонија за дуелот против Португалија. Токму тројцата репрезентативци кои нема да се појават на терен во клучниот дуел за пласман во следната фаза од првенството, се најдоа во фан-зоната каде секако секогаш најгласни се македонските навивачи.

Популарната Фаланга веќе оддамна го подигна нивото на расположение. Ечат македонски песни, а посебно е убаво да се слушне „Едно име имаме“.

