Адама Траоре му додава на Адама Траоре, а во игра се подготвува да влезе Адама Траоре. Ова може да се случи да го изговори некој телевизиски коментатор кој во иднина ќе коментира натпревар на фудбалската репрезентација на Мали.
Селекторот Абдулај Дијаби доби големо засилување во Адама Траоре од Вулверхемптон, кој е роден во Шпанија, играше за младите селекции на таа земја, но сега како 23-годишен одлучи да настапува за земјата на неговите родители, Мали.
Вештиот дриблер ја продолжува низата на играчи кои се обидуваа да станат репрезентативци на некоја од најсилните европски селекции, а откако не успеваат, се одлучуваат да играат за таа од која имаат потекло.
Интересно е што тој ќе биде третиот играч во националниот тим на Мали кој се вика и презива Адама Траоре. Другите двајца играат за францускиот Мец. Инаку, никој со никого не е роднина.